Алфонсо Перес Муњос (роден на година, во Хетафе) — шпански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Кариера Клупска кариера Алфонсо е роден во Хетафе, предградието на Мадрид и ја започнал својата кариера во . Во 1991 година, на возраст од само 18 години, го направил своето деби за првиот тим на Реал. Иако тој никогаш не врежал редовно место во почетниот состав на кралевите - играјќи главно како замена прво на Емилио Бутрагуењо, а потоа и на Иван Заморано - тој сепак му помогнал на клубот од главниот град да го освои шпанското првенство во сезоната 1994-1995.

Во летото 1995 година, Алфонсо му се приклучил на Реал Бетис. Во неговата втора сезона во клубот, тој постигнал 25 гола во лигата што е најголемиот број на голови постигнати од еден играч на Бетис за време на една сезона; тој исто така бил втор стрелец во лигата зад Роналдо и му помогнал на својот клуб да заврши на високото четврто место.

По одличните игри за Бетис и за шпанската репрезентација на Европското првенство 2000, во летото 2000 година Алфонсо потпишал за Барселона. Сепак, тој имал големи потешкотии да се прилагоди на Камп Ноу, постигнувајќи само два гола во лигата (и двата во гостинската победа со 6-0 над Реал Сосиедад) и уште три во Купот на Шпанија за време на својата прва сезона. Откако во следната сезона играл многу малку за Барса, тој бил проследен на позајмица во францускиот Олимпик Марсеј во јануари 2002 година, која исто така се покажала не успешна.

Пред почетокот на сезоната 2002-2003, Алфонсо се вратил во Бетис. После две сезони во кои постојано се мачел со повреди и не бил во препознатливата форма, Алфонсо ја завршил својата кариера во јуни 2005 година. Со 80 гола за Бетис, тој е шести најдобар стрелец во историјата на клубот.

Репрезентативна кариера Алфонсо одиграл 38 натпревари и постигнал 11 голови за сениорската репрезентација на Шпанија, правејќи го своето деби во пријателски натпревар против Англија на 9 септември 1992 година, во Сантандер.La nueva etapa se abre con victoria (New era gets started with win); Mundo Deportivo, 10 September 1992 (in Spanish)

Тој ја претставувал својата земја на Европското првенство 1996. Тој ги одиграл сите натпревари на Шпанија на турнирот и постигнал еден гол во ремито 1-1 против во првиот натпревар на репрезентацијата.Spain start with a point against Bulgaria; UEFA, 6 October 2003 Шпанците биле елиминирани во четвртфиналето од домаќинот Англија по изведување на пенали.

Две години подоцна, Алфонсо бил повикан во составот на Шпанија за Светското првенство 1998, каде одиграл два натпревари.

Својот последен голем турнир со Шпанија, Алфонсо го имал на Европското првенство 2000. Тој ги одиграл сите натпревари за својата земја (три од нив бил стартер) на првенството во Белгија и Холандија и постигнал два гола, и двата во победата со 4-3 над СР Југославија во последното коло од групата, круцијална за Шпанија да остане на турнирот; откако шпанците губеле со 3-2, во 90-тата минута бил досуден пенал за нив кој во гол го претворил Гаиска Мендиета, а веднаш потоа на неколку секунди до крајот Алфонсо со спектакулерен гол, негов втор во натпреварот, ја води црвената фурија до победа од 4-3 и пласман во четвртфиналето.Spain survive in seven-goal classic; BBC Sport, 21 June 2000 Сепак, таму тие биле елиминирани од подоцнежниот шампион со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Реал Мадрид Примера Дивисон : 1 1994-1995 Куп на Шпанија : 1 1992-1993 Суперкуп на Шпанија : 1 1993

Реал Бетис Куп на Шпанија : 1 2004-2005

Репрезентативни 20px|Златен медал Летни олимписки игри : 1 1992

Поединечни Фудбалер на годината во Шпанија : 1 1998

Наводи

Надворешни врски Алфонсо Перес на soccerway Алфонсо Перес на transfermarkt Алфонсо Перес на espn Алфонсо Перес на whoscored

Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Реал Бетис Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Живи луѓе