Валтер го брани Сараево (српски: Valter brani Sarajevo) — југословенски филм од 1972 година, во режија на Хајрудин Крвавац по сценариото на Ѓорѓе Лебовиќ. Главните улоги ги играат: Бата Живоиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Раде Марковиќ, Неда Спасојевиќ, Слободан Димитријевиќ, Хањо Хасе, Ролф Ремер, Павле Вуисиќ, Фарук Беголи, Стево Жигон, Јован Јаниќијевиќ Бурдуш и Драгомир Бојаниќ Гидра.

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Сараево за време на Втората светска војна. Германската војска треба да го организира транспортот на бензин од Сараево до Вишеград за потребите на армијата која се повлекува од Грција кон Германија. Истовремено, во Сараево е уфрлен германскиот агент Кондор (го игра Бојаниќ-Гидра), кој лажно се претставува како Валтер и околу себе има собрано група илегалци. Меѓутоа, во градот пристигнува вистинскиот Валтер (го игра Живоиновиќ) кој почнува да го лови германскиот агент, а истовремено настојува да открие што е целта на германската акција. Германците успеваат да ја откријат партизанската лозинка и уфрлаат агент кој му закажува средба на Валтер при што германската војска му подготвува стапица. Сепак, членот на движењето на отпорот Сеад Капетановиќ (го игра Марковиќ) успева да го спаси Валтер, но притоа погинува. Потоа, Валтер го открива предавникот во движењето на отпорот - Мирна (ја игра Спасојевиќ) која своевремено била уапсена и врбувана од Гестапо. Мирна закажува средба со Кондор и го предупредува за опасноста при што тој ја убива неа, но погинува во борбата со Валтер и неговите другари Сури (го игра Димитријевиќ) и Зис (го игра Самарџиќ). Најпосле, Валтер открива дека германската армија организира превоз на бензин. Тој, Сури и Зис се уфрлаат во германската војска, го преземаат управувањето на возот и ја уништуваат композицијата така што германската армија останува без гориво. Поради тоа е сменет командантот на германската војска во Сараево, кој со години неуспешно се обидувал да го фати Валтер.IMDb, Walter Defends Sarajevo (1972) (пристапено на 10.5.2020)

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на Хајрудин Крвавац Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Слободан Димитријевиќ Категорија:Филмови со Раде Марковиќ Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Неда Спасојевиќ Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1972 година Категорија:Филмови на Босна филм Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови со Ролф Ремер Категорија:Филмови со Хањо Хасе Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Фарук Беголи Категорија:Филмови со Стево Жигон Категорија:Филмови со Јован Јаниќијевиќ Бурдуш Категорија:Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра Категорија:Филмови со Миралем Зупчевиќ Категорија:Филмови со Емир Кустурица Категорија:Филмови со Реља Башиќ Категорија:Филмови со Етела Пардо Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сараево