Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (службено: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Пробиштип; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во градот Пробиштип, Општина Пробиштип.

Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.

Историја

Училиштето е изградено во 1961 година. Во главното училиште се запишани 415 ученици распределени во 21 паралелка.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Кирил и Методиј“ - Злетово, деветгодишно подрачно училиште; ПУ „Ванчо Трајков“ - с. Пробиштип, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Браќа Миладиновци“ - Добрево, петгодишно подрачно училиште; и ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ратавица, петгодишно подрачно училиште.

Наводи

Надворешни врски Службена страница на ООУ „Браќа Миладиновци“ - Пробиштип

Категорија:Основни училишта во Општина Пробиштип Пробиштип Категорија:Основни училишта во Пробиштип Категорија:Основни училишта во Македонија