Основно училиште „Лирија“ (порано: Основно општинско училиште „Васил Главинов“; службено: Основно општинско училиште „Лирија“ - Бузалково; скратено: ООУ „Лирија“) — централно основно училиште во велешкото село Бузалково, Општина Велес.

Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „лирија“ што означува Слобода.

Историја

До јули 2021 година, училиштето работело како подрачно училиште во рамки на основното училиште „Васил Главинов“ од Велес.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Лирија“ - Клуковец, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Лирија“ - Сливник, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Велес Категорија:Бузалково Бузалково Категорија:Основни училишта во Македонија