Горна Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Косел. Претставува средновековна некропола. Западно од селото, на границите со атарите на селата Вапила и Горно Лакочереј се наоѓаат нивите на еден жител од селото Вапила. Во 1959 година, при садењето на лозје се откриени повеќе гробови градени од камени плочи и со насоченост исток-запад. Во нив биле најдени стаклени белезици и други прилози кој се чуваат во Заводот и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 249, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Св. Јован — средновековна црква и некропола; Сред Село — некропола од хеленистичкиот период; Црквата — средновековна некропола. Косел; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Косел