Горно Село или Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во охридското село Куратица. Претставува средновековна црква и некропола. На еден километар североисточно од селото, покрај патот за Мазатор има капела градена од камен и кал. Во непосредната близина се гледаат темели од стара еднокорабна црква и околу неа остатоци од камени плочи од гробови со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 249, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кулишта — утврдена населба од доцноантичкото време; Манастириште — средновековна црква; Трно Селиште - Аноите — средновековна населба; Ќуле — градиште — средновековна кула; Куратица; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Куратица