Основно училиште „Али Фетхи Окјар“ (во минатото: Основно училиште „Вера Циривири - Трена“; официјално: Општинско основно училиште „Али Фетхи Окјар“ - Дебреште; скратено: ООУ „Али Фетхи Окјар“) — централно основно училиште во прилепското село Дебреште, Општина Долнени.
Училиштето е именувано по турскиот политичар и дипломат Али Фетхи Окјар, додека во минатото го носело името на македонската партизанка Вера Циривири - Трена.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во јужниот дел од селото, во непосредна близина на Горна џамија.
Настава Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски, турски и албански наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Дебреште Категорија:Дебреште Категорија:Основни училишта во Македонија