Основно училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“Во некои документи се сретнува името Скендербеу, што е албанско именување за Скендербег. (во минатото: Основно училиште „Лирија“; официјално: Основно општинско училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Порој; скратено: ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“) — централно основно училиште во тетовското село Порој, Општина Тетово.

Денес, училиштето е именувано по албанскиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, додека во минатото училиштето го носело името Лирија („Слобода“).

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Ѓермо, подрачно училиште; и ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Џепчиште, подрачно училиште.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Порој Категорија:Порој (село) Категорија:Основни училишта во Македонија