Панзир — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 3-4 км југоисточно од градот, на југоисточната падина од полустровот Горица, во близината на езерскиот брег. Во овоштарникот на еден жител биле откриени остатоци од темели градени од кршен камен и варов малтер како и надгробна плоча со старогрчки натпис. Во непосредната близина, на површина од околу 100 метри се најдени повеќе гробови, а на местото на одморалиштето „Орце Николов“ темели од објекти, исто така градени од кршен камен и варов малтер. Денес на целиот простор се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 271, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време; Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време; Видобишта — гробница од римското време; Горно Трново — населба од римското време; Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола; Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време; Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика; Долно Трново — населба од неолитското време; Козлук — населба од римското време; Карабегомала — храм од хеленистичкото време; Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти; Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време; Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век; Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола; Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век; Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век; Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век; Охрид - Лихнид — Антички град; Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви; Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век; Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола; Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време; Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети; Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола; Хермелеја — населба од римското време; Охрид; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Охрид