Чешма — археолошко наоѓалиште во охридското село Подмоље. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во самото село, источно од патот Кичево-Охрид-Скопје во близината на селската чешма. Северно од чешмата се наоѓа црквата Св. Константин и Елена која е подигната врз темели од постара црква околу која (особено јужно) се протега средновековна некропола. Според археологот Васил Лахтов, гробни конструкции се забележувале покрај самата чешма и биле поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Корија - Манастириште — средновековна црква; Селиште — средновековна населба, црква и некропола; Подмоље; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Подмоље