Св. Врачи — археолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна црква и некропола. На југозападниот крај на селото, десно од патот за Студенчишта, во непосредната близина на селското училиште биле откриени повеќе гробови со насоченост запад-исток, градени од камени плочи, како и основа од темели на мала црква посветена на св. Врачи. Според кажувањата на учителот Стамен Шока од Охрид, во гробовите биле најдени накит и други предмети кои ги предал во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 275, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кумбаревци — средновековна црква и некропола; Макла — средновековна некропола; Манастири — средновековна црква и некропола; Рамненски Лозја — населба и некропола од римското време; Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Варвара — средновековна црква и некропола; Св. Илија — средновековна црква; Туше Варница — средновековна населба; Рамне; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи