Горна Црква — археолошко наоѓалиште во охридското село Сирула. Претставува средновековна црква и некропола. На околу 1,5 км северозападно од селото има тумба насадена со борова шума која доминира над околниот терен. Над неа се наоѓаат остатоци од темели на црква со димензии 16 × 7 метри. Ширината на ѕидовите изнесува 85 см, а ѕидани се од кршен камен и кал. Околу црквата се гледаат гробни конструкции градени со камења, покриени со монолитни плочи поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 276, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Никола — средновековна црква. Сирула; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Сирула