Јанко Бачев (14 септември 1966 во Струмица) — македонски политичар,универзитетски професор и претседател на партијата Единствена Македонија, а воедно и нејзин основач. Универзитетски професор по меѓународно право на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Образование Во 1991 година, завршил Правен факултет, во 1995 година, ја завршил специјалистичката обука за стручно оспособување и усовршување на работниците на овластени работни места во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во 1996 година, го положил правосудниот испит, во 1999 завршил последипломски магистерски студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје одбранувајќи го магистерскиот труд на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“. Во 2012 година, ги завршил докторските студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“, одбранувајќи ја докторската дисертација на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“.

Кариера Во периодот од 1991 до денес има работно искуство во правосудната сфера, службите на државните органи, политичката и образовната сфера.

Политички ангажмани Во 2002 година, ја основал политичката партија Народно движење за Македонија со поголем број на истомисленици, откако во рамките на МВР, ги согледувал политичките сценарија и внатрешните предавства за време на конфликтот во 2001 година. На партијата, во 2018 година, и било сменето името во Единствена Македонија.

Во декември 2023 година ја отвора неговата семрежна телевизија ЕМ Телевизија, каде се емитувани неколку пати во неделата политички емисии и анализи. Главен уредник на телевизија е: Емилија Гелева.

Во 2024 година, имал своја емисија на ЕМ Телевизија, наречена како "Разговори со Јанко Бачев", со новинарот Саше Ивановски.

Од 2025 година, е колумнист и соработник на порталот "Национал.мк".

Книжевни дела Автор е на три книги: 1. „Македонија и Грција - Битка за името„ (Правните механизми во Обединетите нации за враќање/употреба на името - Република Македонија), 2. „Меѓународно - правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“ и 3. Договорите со Бугарија од 2017 и 1947 година и Планот за обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија како и на повеќе од двесте есеи, стручни и научни трудови од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката. Со свои трудови учествувал на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.

Наводи

Категорија:Политичари од Струмица Категорија:Писатели од Струмица Категорија:Професори од Струмица Категорија:Професори на Меѓународниот славјански универзитета Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје