Основно училиште „Ѓон Бузуку“ (официјално: Основно општинско училиште „Ѓон Бузуку“ - Србиново; скратено: ООУ „Ѓон Бузуку“) — централно основно училиште во гостиварското село Србиново, Општина Гостивар.

Училиштето е именувано по албанскиот католички свештеник Ѓон Бузуку.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во самиот средиштен дел на училиштето.

Историја

Училиштето било основано на 28 декември 1965 година со одлука на Општина Гостивар.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Објект

Училишната зграда е обновена од страна на SOLIDARITES (Франција), како подарок на луѓето на Европа во рамките на прoграмата ECHO.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

ПУ „Ѓон Бузуку“ - Граванец, подрачно училиште; ПУ „Ѓон Бузуку“ - Падалиште, подрачно училиште; ПУ „Ѓон Бузуку“ - Рафше Мало, подрачно училиште; ПУ „Ѓон Бузуку“ - Страјане, подрачно училиште; и ПУ „Ѓон Бузуку“ - Трново, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Гостивар Србиново Категорија:Србиново Категорија:Основни училишта во Македонија