Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Босилово; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во струмичкото село Босилово, Општина Босилово.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
Училиштето било изградено во 1926 година. Во 2000 година било реконструирано.
Настава
Наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 12 паралелки.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Гоце Делчев“ - Еднокуќево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Робово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Старо Балдовци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Петралинци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Дрвош, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Кољо Китанов“ - Сарај, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Гоце Делчев“ - Гечерлија, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Босилово Категорија:Босилово Босилово Категорија:Основни училишта во Македонија