Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Василево; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во струмичкото село Василево, Општина Василево.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, а до него се наоѓа и детската градинка.
Историја
Училишниот објект бил изграден во 1957 година, додека во 1966 година бил надограден. Самото училиште било основано во 1959 година.
Настава
Наставата во училиштето се извршува на турски и на македонски наставен јазик поделена во 19 паралелки во предметна настава и 35 паралелки во одделенска настава, од кои 11 комбинирани.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Гоце Делчев“ - Ангелци, подрачно петгодишно училиште на македонски и на турски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Владиевци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Дукатино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Едрениково, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Радичево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Гоце Делчев“ - Седларци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Гоце Делчев“ - Сушево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Василево Категорија:Василево Василево Категорија:Основни училишта во Македонија