Сијавуш-паша (починал на 25 април 1656) — отомански голем везир во Отоманското Царство.
Тој по потекло бил Абазин и слуга на Абаза Мехмед-паша, кој бил водач на побуната во 17 век против Отоманското Царство. По погубувањето на неговиот господар, тој започнал да служи во палатата во Истанбул. Во 1638 година, тој бил унапреден во везир, и во 1640 година, тој бил назначен за капудан-паша (главен адмирал). Во 1642 година, бил задолжен повторно да ја освои тврдината во Азов (денешна Русија) од козаците, но не успеал. По ова тој бил назначен за управител на повеќе градови меѓу кои се Ерзурум, Дијарбакир (денес во Турција) и Силистра (во денешна Бугарија). На 5 март 1651 година, тој бил поставен за голем везир по побуната на трговците во Истанбул. На 27 септември, не помалку од месец од неговото назначување тој бил разрешен и требало да биде погубен кога по молба на султаната Ќосем бил поштеден. Тој бил назначен за уравител на Босна. Иако Сијавуш-паша повторно бил назначен за голем везир на 5 март 1656 година, починал многу скоро на 25 април 1656 година.Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul,2009, ISBN 978-975-254-278-5, p109
Поврзано Список на отомански големи везири Список на отомански управители на Босна
Наводи
Категорија:Абазини Категорија:Починати во 1656 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Луѓе во Отоманското Царство со апхаско потекло Категорија:Отомански управители на Босна Категорија:Родени во непозната година