Стари Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Ново Село. Претставува средновековна некропола. Северозападно од селото, односно од североисточната страна на наоѓалиштето Бара, под ридот Плоча има зарамнето плато на кое се претпоставува постоење на некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 438, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бара — населба од доцноантичко време; Богородичен Даб — населба од доцноантичко време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ново Село (штипско село)