Црквиште — археолошко наоѓалиште во штипското село Пиперово. Претставува средновековна црква со некропола. На околу 5 км источно од селото, на десната страна на Лозничка Река, на мала височинка се гледаат монолитни камени плочи од гробови. Исто така има и остатоци од темели на мала црквичка со приближни димензии од 8 × 4 метри.
Поврзано Градиште - Чука — утврдување од доцноантичко време; Пиперово; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Пиперово