Полиса — археолошко наоѓалиште во штипското село Црешка. Претставува некропола — тумули од железното време и средновековна црква со некропола. На 2 км јужно од селото и на околу 500 м источно од наоѓалиштето Исар има зарамнето плато на кое се наоѓаат 5 могили подигнати близу една до друга без особен ред. Сите се доста добро зачувани и со приближно исти димензии, односно, високи сè до 1.20 м и со пречник во основата до 16 м. На западниот крај на теренот се гледаат урнатини на мал објект, со насоченост исток-запад, а и околу нив монолитни покривни плочи од гробови.

Поврзано Града — средновековна некропола; Исар - Чрешче — доцноантички опидум и средновековно градиште со некропола; Турски Гробишта — тумул од железното време; Црешка; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Црешка