Англиска болест е лингвистичка појава при која влијанието од англискиот јазик станува сè поприметливо во холандскиот јазик. Терминот се користи пејоративно и изворно произлегол како зборовна шега, посочувајќи кон англиската болест од минатото, рахитис.
Зголемено влијание на англискиот јазик е исто така застапено и во другите јазици.
Холандски јазик Влијанието на англискиот јазик на холандскиот јазик се забележува во следните примери: прекумерна употреба на англиски зборови; непотребна употреба на англизми; непотребна употреба на разделба во двојни именки (trein reiziger (патувачи во воз) наместо поточната верзија treinreiziger; оваа појава исто така се нарекува и spatitis (спатитис, од spatie - празно место), losschrijfziekte (болест на разделено пишување) и los schrijf ziekte); непотребна и повеќекратна употреба на степените на споредба со meer и meest (de meest actieve vulkaan (најмногу активниот вулкан) наместо de actiefste vulkaan (најактивниот вулкан)); неправилно прикажување на редоследот на зборовите, на пример de tweede grote stad (вториот најголем град) наместо de op een na grootste stad (истото но поточна форма); неправилна множина (panties (пантолони) наместо точната верзија panty's); употреба на лажни пријатели (duizenden troepen (илјадници трупи) наместо точната верзија duizenden manschappen); употреба на англиски зборовен редослед како Schleck-broers (Шлек Браќата) наместо точната верзија broers Schleck (браќата Шлек). Ова исто така се сретнува при користење на географски термини како што е Kunar provincie (Кунар провинцијата) наместо provincie Kunar (провинцијата Кунар).
Пример каде што не станува збор за англиска болест Формално неправилната употреба на апострофот за прикажување на присвојност користекјќи ја формата 's не се смета за англизам (на пример Henk's boek (книгата на Хенк) наместо точната варијанта Henks boek).onzetaal.nl
Надворешни врски Spatiegebruik.nl
Наводи
Категорија:Граматика на англискиот јазик Категорија:Граматика на холандскиот јазик