Грамада — градиште од доцноантичко време крај пробиштипското село Горно Барбарево. На 2,5 км северно од селото, на висок рид (кота 850 м), кој доминира над долината на Крива Река, има остатоци од бедем, наместа зачуван до 0,5 м височина, кој оградувал простор од 200 × 120 м. Бедемот бил ѕидан од камен и варов малтер и е широк 1,5 м. Во внатрешноста на градиштето и околу него се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, а биле пронајдени и повеќе монети кои ги откупил Музејот на Македонија од Скопје.

Поврзано Горно Барбарево; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско;

Наводи

Категорија:Горно Барбарево