Ристо Илковски (роден во година во село ) — редовен професор на Земјоделскиот и Ветеринарниот факултет.
Животопис
Ристо Илковски бил основач на ФВМ, каде што бил избиран за продекан и во два мандата за декан. Почнувајќи од 1962 година, тој се вработил на Земјоделскиот факултет, каде што и докторирал (1969). Бил на специјализација во Холандија, на студиски престои во Германија, Финска, Грција, Соединетите Држави и во Мексико. Се залагал и успеал да создаде услови за отворање на Ветеринарната насока (1991/92), а бил и претседател на Матичната комисија за основање на Ветеринарен факултет во Скопје. Работел во Деловниот сојуз за памук и свилена буба во Струмица, бил директор на Земјоделско стопанство „Хамзали“ во Струмица. Објавил 120 научни и стручни труда.
Наводи
Категорија:Луѓе од Иловица Категорија:Македонски ветеринари Категорија:Југословенски ветеринари Категорија:Македонски универзитетски професори