Радмила Кипријанова-Радовановиќ (родена во година во ) — македонски универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар.
Животопис
Радмила Кипријанова - Радовановиќ дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје била од 1965 година, а како редовен професор од 1986 година каде предавала во подрачјето на математички методи во хемиското инженерство, моделирање и оптимизација на процесите и дизајнирање на експериментите. Се пензионирала во 2004 година.
Автор на учебници и помагала, научни трудови и истражувачки проекти. Била ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (во два мандати) и декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (во два мандати).
На политички план, била член на секретаријатот на Извршниот комитет на партијата Демократска Алтернатива. Кипријанова - Радовановиќ била потпретседател на Владата на Македонија, министер за технолошки развој во Владата на СФРЈ, министер за наука во Владата на Македонија, пратеник во Собранието на Македонија.
Наводи
Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски технолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски ректори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски технолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски министри Категорија:Политичари од Демократска алтернатива Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на Загрепскиот универзитет Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Декани на Технолошко-металуршкиот факултет - Скопје