мини|250п|Атанас Коровешов (во средина стои)
Атанас Коровешов (роден во година во село Смрдеш, Ениџевардарско - починал на година во село Корнишор, Ениџевардарско) — деец на македонското национално и комунистичко движење, борец во македонскиот партизански одред „Лазо Трповски” (1943).
Животопис
Атанас Коровешов - Насо основно образование завршил во родното село, по што се занимавал со сточарство. Во 1939 година го отслужил воениот рок за грчката држава во погранична единица. Фашистичката окупација Насо ја дочекал подготвен, тој уште пред Втората светска војна бил активен со своите другари во КПГ, кои дејствувале во Смрдеш и развивал широка активност против окупаторот. Коровешовци во Лариса имале свој имот каде ги помагале партизаните. Таму, во 1941 година на зимување со стадата бил и Атанас кој активно помагал. Летото 1942 година Атанас се вратил во Смрдеш и се вклучил во работата на селскиот комитет, како одговорен за воени прашања. Тој работел на омасовување на организацијата и имал врски со останатите села. Во втората половина на август 1943 година Атанас влегол во партизани. Во групата која бил Атанас и останати луѓе од други села бил формиран одредот „Лазо Трповски“, со кој Атанас бил во сите акции и борби до неговото расформирање. Пролетта 1944 борците од одредот Лазо Трповски преминуваат во баталјонот Вичо кој влегувал во составот на 28-миот полк на ЕЛАС. Атанас овде бил именуван како командир на првиот вод од втората чета на овој баталјон. Тој учествувал во сите борби што ги водел баталјонот. Во почетокот на мај 1944 година како протест кон КПГ и ЕЛАС и нивниот однос кон македонското прашање, Атанас со група партизани го напуштил баталјонот и преминала во Вардарскиот дел на Македонија и се вклучил во Првата македонско - косовска ударна бригада која била стационирана на Караорман. Подоцна била формирана посебна чета на која командир и бил Атанас. Потоа и други единици се придружиле во Вардарскиот дел на Македонија влегувајќи во Првата македонска ударна бригада, тука формирале посебен батањон чиј командант бил самиот Атанас Коровешов. Во јули 1944 година, баталјонот се вратил во Егејска Македонија. На 2 август 1944 година одредот бил преформиран и го добил името Гоце. Атанас бил во командниот состав.
Загинал во 1945 година на планината Пајак, с. Корнишор, Ениџе Вардарско, во борба со грчките монархистички силиЛитовски, Александар, Јубилеен календар за егејскиот дел на македонија во 2008, Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дял на Македонија - Битола, стр. 12-13 (pdf)Македонска енциклопедия, МАНУ, Скопие, 2009 г., стр. 738..
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ