Требенишко кале — археолошко наоѓалиште во селото Требеништа, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време.Дебрца
На југоисточната страна над селото се издига висок рид со надморска височина од 1.080 м, со кој практично завршува Вишовска Планина. Врвот му е зарамнет и на него се гледаат остатоци од ѕидови на тврдина, градена од кршен камен и варов малтер, на кои се распознаваат неколку фази на градба и интервенции. По целата површина на населбата се забележуваат фрагменти од керамички садови од различна временска и културна провениенција. Оние во средиштето се од неолитското, бронзеното и железното време, а оние по падините од јужната и западната страна од хеленистичкото и римското време. На понискиот дел од јужната падина се наоѓа некропола на која со ископувањата во 1953/54 година биле откриени и истражени 17 гробни целости, а на повисокиот дел од истата падина била пронајдена римска некропола. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Алистрати — средновековна црква и некропола; Дере - Кај Чешмата — населба од бронзеното време; Забрдо — населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време и населба од раниот Среден век; Св. Мартинија — старохристијански сакрален објект; Црква — раносредновековна некропола; Црквиште — средновековна црква; Требеништа — античка некропола; Требеништа; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Требеништа Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време