Пантелеј Митков (роден на година во ) — македонски архитект и урбанист.

Животопис

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година). Докторирал на Природно-математичкиот факултет во 1980 година. Како проектант работел во Републичкиот завод за убанизам во Скопје и во Институтот за просторно планирање во Охрид. Претежно се занимавал со просторно и урбанистичко планирање, а се пројавил и како архитект проектант.

Позначајни остварени градби: хотелот „Астра“ во месноста Свети Стефан близу Охрид (1956); Студентско одморалиште во Охрид (1963); хотелот „Десарет“ во Пештани (1971).

Од областа на урбанизмот: деталниот урбанистички план на стариот дел од градот Охрид (1967). изработка на Просторниот план на Македонија (1982).

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје