Зозе Мургоски (роден на година во село Модрич) — македонски професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Животопис
Зозе Мургоски основно, и средно образование завршил во Скопје, а потоа се запишал на Филолошкиот факултет во Скопје кој го завршил во 1976 година. Магистрирал на темата „Пасивне конструкције у енглеском и македонском језику“ на Филолошкиот факултет во Белград во 1984 година, а докторирал на темата „Начини на искажување идност во англискиот и македонскиот јазик“ на Филолошкиот факултет во Скопје во 1991 година. Работел како стажант на Филолошкиот факултет во Скопје (1981), помлад асистент (1982–1984), асистент по современ англиски јазик (1984–1991), доцент (1991–2001), вонреден (1996–2001) и редовен професор (2001).
На Катедрата за преведување и Катедрата за англиски јазик предавал Контрастивна анализа на англискиот и македонскиот јазик и Терминологија, а на постдипломските студии предава Техника на научната работа и Општа лингвистика и лексикографија. Неговиот научен интерес е свртен кон лексикографијата, контрастивната граматика, терминологијата и локализацијата на софтверот на македонски јазик.
Библиографија Македонско-англиски разговорник, Скопје, 1991; Македонско-англиски речник, Велес, 1992; Англиско-македонски речник, Скопје, 1993; Англиско-македонски речник на идиоми, Скопје, 1993; Англиско-македонски и македонско-англиски речник, Скопје, 1995; Граматика на англискиот јазик, Скопје, 1995; Речник на компјутерски термини, Скопје, 1996; Деловен англиски, Скопје, 1996; Македонско-англиски речник на идиоми, Скопје, 1996; Граматика на англискиот јазик, Вежби, Скопје, 1997; Англиско-македонски и македонско-англиски деловен речник, Скопје, 1997; Англиско-македонски и македонско-англиски речник со граматика, Скопје, 1997; Голем англиско-македонски речник, Скопје, 2001; Голем македонско-англиски речник, Скопје, 2003; Македонско-англиски-албански правен речник, Скопје, 2003 (со соавтори); Речник на македонскиот јазик, Скопје, 2005; Локализација и превод на македонски јазик на програмите на Мајкрософт Офис 2007 и Виндоус Виста, Скопје, 2008; Англиско-македонски и македонско-англиски деловен и правен речник, Скопје, 2008; Лексикон на странски зборови, Скопје, 2009; Речник на македонскиот јазик. Второ проширено и преработено издание, Скопје, 2009; Локализација и превод на македонски јазик на програмата Мајкрософт Офис Опслужувач ЛИП12, Скопје, 2009; Толковен речник на современиот македонски јазик, второ проширено и преработено издание, Скопје, 2011.
Наводи
Надворешни врски Лексикографски порал на Зозе Мургоски со обемен македонско-англиско-македонски речник и македонски толковен речник
Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Југословенски филолози Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје