Радослав Наумовски (роден на година во Наколец, Ресенско) — македонски невропсихијатар, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис Тој дипломирал на Медицинскиот факултет во 1963 година, каде што и специјализирал (1969) и докторирал (1979). Долгогодишен шеф на Одделот за неврофизиологија, ја вовел електромиографијата како дијагностички метод и е познат епилептолог. Претседател на лигата против епилепсија во РМ и главен уредник на сп. „Епилепсија“. Автор на повеќе од сто научно-стручни трудови и две монографии.

Наводи

Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски лекари Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје