Нива на Стојко Тодоров — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува објект од римско време ,.
На 400 м југоисточно од селото се наоѓа нивата на Стојко Тодоров која лежи на самиот десен брег на Козјачка Река. Во 1965 година, со земјоделските работи е откриена мала скулптурална претстава на тројна Хеката, изработена од бел ситнозрнест мермер. Подоцна, во 1967 година, Музејот од Штип извршил мало пробно ископување. Во сонда долга 10 м и широка 2 м биле откриени делови од темели на објект, ѕидани од речен камен и кал, зачувани со 2 до 3 реда ѕидарија. Освен фрагменти од керамички садови, биле најдени неколку монети од времето на Константин. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.
Поврзано Бандера — каструм од римското време; Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар; Кадин Рид — осамен објект од римското време; Лскач — вила рустика од доцноантичкото време; Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време; Турски Гробишта — објект од римското време; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Козјак (Штипско)