Основно училиште „Малина Попиванова“ (официјално: Основно општинско училиште „Малина Попиванова“ - Кочани; скратено: ООУ „Малина Попиванова“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.
Училиштето е именувано по истакнатата македонска комунистка Малина Попиванова.
Историја
Училишната зграда, во периодот од 1963 до 1985 година, припаѓала на Средното училиште „Гошо Викентиев“.
Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани е основано со одлука бр. 02-251/4 од 26 август 1985 година, а е верифицирано со решение бр. 13-6492 од 20 декември 1985 година од Секретаријат за општествени дејности на Кочани.
Досегашни директори Ивица Цимбаљевиќ (-2018) Благој Петров (јули 2018-)
Градба
Основното училиште располага со две училишни згради и една спортска сала. Во училниците кои се во дворот во училиштето се изведува настава со учениците од прво одделение и во истата зграда се наоѓа кабинетот по техничко образование.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Кочани Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Кочани Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија Категорија:Појавено во 1985 година во Југославија Категорија:Основни училишта во Македонија