мини|Поглед кон Ашкелон Ашкелон () — град во Израел. Ашкелон е крајбрежен град во Јужниот округ, на околу 50 километри јужно од Тел Авив и на 13 километри северно од границата со појасот Газа. Древниот град Ашкелон датира од неолитското доба. Во текот на историјата, населбата била под управа на Древниот Египет, Ханан и Филестина, па преку Асирија, Вавилон, Феникија, Арапите па сè до денешен Израел.

На неколку километри источно од центарот на древниот град во 15 век било основано арапско село за време на отоманскиот период. За време на арапско-израелската војна од 1948 година селото, под име Ал Маџдал, имало население од околу 10.000 Арапи, а во октомври бројот на населението се зголемил поради бегалци. Селото било зеземено од Израел на 5 октомври 1948 година, во период кога арапското население веќе се евакуирало од селото,B. Morris, The transfer of Al Majdal's remaining Palestinians to Gaza, 1950, in 1948 and After; Israel and the Palestinians. останувајќи само 2,700 жители.

Името на населбата било променето во Мигдал Газа, подоцна во Мигдал Ашкелон од новодоселените Евреи. Останатите Арапи од Ашкелон го напуштиле градот во 1950. Во 1953, крајбрежната населба Афридар била официјално припоена со Мигдал Ашкелон и заедничкото име на новосоздадената населба била само Ашкелон.

Демографија

Првично, за време на израелскиот период, бил населн од Мизрахиски Евреи, кои биле избркани од муслиманските земји. И денес градот е воглано составен од Мизрахиски Евреи. Во 1950-те во Афридар се доселиле Јужноафрикански Евреи, а по нив дошле и Британски Евреи. Во 1990-те се доселиле Етиопски Евреи и Руски Евреи.

Галерија

Збратимени градови Ашкелон е збратимен со:

Кот Сен Лик, Квебек, Канада Гродно, Белорусија Синјанг, Кина Икике, Чиле Екс а Провенс, ФранцијаMairie of Aix-en-Provence – Twinnings and partnerships Вани, Грузија Кутаиси, Грузија Авијано, Италија Панков, Германија Сопот, Полска Ентебе, Уганда Портланд, САД Балтимор, САД Сакраменто, САД

Наводи

Литература

.

Надворешни врски

Градски совет на Ашкелон „Ашкелон, древен крајбрежен град“, National Geographic, јануари 2001 Древен Ашкелон —Универзитет во Чикаго Фотографии од Ашкелон

Категорија:Градови во Израел Категорија:Јужен округ (Израел) Категорија:Свети градови