мини|Поглед кон Елад Елад () е град во Израел. Градот е нов и се наоѓа во Централниот округ. Елад е изграден на местото на пораеншното арапско село Ал Музајрија. Градот се наоѓа на 25 километри источно од Тел Авив и има население од 48.763 жители според податоците од 2019 година. Елад е единствено место во Израел кое е определено како „верска заедница“.

Име Елад на хебрејски јазик значи „Засекогаш Бог“. Сепак, името е исто така дадено по член од племето на Ефрем (еден од 12 основачи, односно потомци на Израил), кој пак живеел во тој регион.Bitan, Hanna: 1948-1998: Fifty Years of 'Hityashvut': Atlas of Names of Settlements in Israel, Jerusalem 1999, Carta, p.6, (Hebrew)

History

Изградбата на Елад започнала во доцните 1990-ти, откако владата во 1990 година донела одлука да се изградат серија на населби покрај Западниот Брег. Се планирало да се направат живеалишта за околу 50.000 жители. Градот бил изграден од ново како планирана заедница. За разлика од околните планирани населби во Израел, Елад бил планирал за ултраортодоксни и ортофоксни Евреи. Така, градот е направен според нивните верски потреби, особено во однос на просторот за живеење и многудетни семејства.

Веќе во 1998 година Елад се стекнал со статус локален совет, а во 2008 со статус на град.

Население Елад е еден од најбрзо растечките градови во Израел со годишен природен прираст од 6 до 7 проценти. Густината на населението е 13.1 жител на километар квадратен.

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Градови во Израел Категорија:Централен округ (Израел)