Сува Река - Парагон — археолошко наоѓалиште во градот Гевгелија. Претставува некропола од железно време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во јужниот дел на градот, на брегот на Сува (Конска) Река.

Историја

Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 8 јули 1976 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Подоцна истото било надополнето на 30 декември 2003 година.

Опис

Особено во коритото на реката и на нејзините брегови, како и на флувијалната тераса на десната страна, позната под името Парагон, се откриени голем број гробови од неколку типови: слободно вкопување, цисти од камени плочи и во питоси, сите со различна насоченост. Во голем број се и предметите од бронза во вид на украсни предмети и накит, како и орудија и оружје од железо. Во периодот 1975-77 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија вршеле заштитни археолошки ископувања. Откриените наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано Вардарски Рид - повеќеслојна населба и некропола со траги од енеолитското до римското време; Раул — некропола од римското време; Гевгелија; и Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.

Наводи