Глети е божица на Месечината на народот Фон од Кралството Дахомеј, денешен Бенин.

Во митологијата на Дахомеј, таа е мајка на сите ѕвезди. Затемнувањето е предизвикано од сенката на сопругот на Месечината кој ѝ поминува пред лицето.

Верувањето во затемнување на некое небесно тело од некое друго во многу култури означувало нивна битка - на пример, помеѓу богот на сонцето Лиза и божицата на месечината Глети во Бенин. Затемнувањето исто така може да се толкува (како на Тахити) како водење љубов на сонцето со месечината, кои на тој начин ги раѓаат ѕвездите.

Поврзано

Список на месечеви богови

Наводи

Категорија:Месечеви божици