Основно училиште „Орхан Џемаили“ (во минатото: Основно училиште „Наим Фрашери“; службено: Основно општинско училиште „Орхан Џемаили“ - Горно Татеши; скратено: ООУ „Орхан Џемаили“) — централно основно училиште во струшкото село Горно Татеши, Општина Струга.

Денес, училиштето е именувано по Орхан Џемаили, додека во минатото училиштето го носело името на албанскиот поет, Наим Фрашери.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, веднаш до самиот пат и над селската џамија.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до деветто одделение.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Орхан Џемаили“ - Богојци, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Шефкет Ферати“ - Долно Татеши, подрачно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Орхан Џемаили“ - Мислодежда, подрачно училиште на албански наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Горно Татеши Категорија:Горно Татеши Категорија:Основни училишта во Македонија