Основно училиште „Орхан Џемаили“ (во минатото: Основно училиште „Наим Фрашери“; службено: Подрачно основно општинско училиште „Орхан Џемаили“ - Мислодежда; скратено: ПООУ „Орхан Џемаили“) — подрачно основно училиште во струшкото село Мислодежда, во состав на истоименото училиште од селото Горно Татеши, Општина Струга.

Денес, училиштето е именувано по Орхан Џемаили, додека во минатото училиштето го носело името на албанскиот поет, Наим Фрашери.

Местоположба

Училиштето се наоѓа на влезот во селото, на самото двоење за селото Брчево.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до петто одделение.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Мислодежда Категорија:Мислодежда