Браим Дијас (роден на година во , Шпанија) — шпански-марокански фудбалер, напаѓач на Реал Мадрид и на мароканската репрезентација.
Кариера Манчестер Сити Браим ја започнал својата кариера во родниот клуб Малага, пред да се пресели во Манчестер Сити во 2015 година како 16-годишник за почетна сума од 200.000 фунти. На 21 септември 2016 година го имал своето деби во дресот на првиот тим за Сити, влегувајќи како замена во 80-тата минута во ЕФЛ-купот против Свонзи Сити. Пет дена подоцна, тој го потпишал својот прв професионален договор со Сити, на три години.
На 21 ноември 2017 година, Браим дебитирал во Лигата на шампионите против Фејенорд, влегувајќи по повредата на Рахим Стерлинг. На 19 декември 2017 година, Браим го започнал натпреварот со својот клуб, играјќи 88 минути против Лестер Сити во Лига Купот. Дебитирал во Премиер лигата на 20 јануари 2018 година, во победата над Њукасл Јунајтед со 3: 1 и на 13 мај, тој добил медал за освоената сезона на Сити, откако се појавил спорадично на уште четири натпревари во лигата во текот на сезоната.
На 5 август 2018 година, Браим ги одиграл последните 15 минути на местото на Фил Фоден во натпревар кој Манчестер Сити победил со резултат од 2-0 над Челзи во ФА Купот во 2018 година. Подоцна истата сезона, Браим го постигнал својот прв гол во кариерата за Сити, постигнувајќи ги двата погодоци во победата од 2:0 над Фулам на 1 ноември.
Реал Мадрид
После интензивните шпекулации за негов трансфер, заедно со неговиот договор со Манчестер Сити кој требало да истече во јуни 2019 година, Браим се приклучил на Реал Мадрид на 6 јануари, за сума од 15,5 милиони фунти (17 милиони евра). Неговиот договор, кој трае до 2025 година, вклучува и потенцијални додатоци, според кои вредноста на трансферот се искачува на 22 милиони фунти (24 милиони евра). Трансферот, исто така, вклучува клаузули кои предвидуваат 15% продажна такса што треба да ја прими Сити, што би се искачило на 40% доколку Браим го напушти Мадрид и се пресели во „друг клуб од Манчестер”.
Тој дебитирал на 9 јануари 2019 година, влегувајќи како замена во победата од 3-0 над Леганес во Копа дел Реј. Неговото деби во лигата дошло четири дена подоцна, кога тој повторно влегол како замена во победата со 2:1 над Реал Бетис. Својот прв гол го постигнал на 12 мај 2019 година, во поразот од 1-3 против Реал Сосиедад.
Тој забележал шест настапи во текот на сезоната во лигата, а Реал Мадрид ја освоил Ла Лига во сезоната 2019-2020.
Милан
На 4 септември 2020 година, Реал Мадрид објавил дека Браим ќе биде позајмен во Милан за време на сезоната 2020–21.
На 27 септември, тој го постигнал својот прв гол во победата над Кротоне со 2-0 на гости. На 9 мај 2021 година, тој постигнал гол во победата со 3–0 на гости над Јувентус . По сезоната 2020–21, тој бил позајмен уште две години во Милан. На 15 септември 2021 година, тој постигнал гол против Ливерпул во поразот од 3-2 во Лигата на шампионите.
Статистика + Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувањаКлубСезонаЛигаНационален куп Лига купЕвропаОстанатоВкупноЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Манчестер Сити2016-17Премиер Лига00001000—102017-18Премиер Лига50101030—1002018-19Премиер Лига000032001042Вкупно5010523010152Реал Мадрид2018–19Ла лига9120—00—1112019-20Ла лига6031—1000101Вкупно15151—10—212Милан (позајмен)2020–21Серија А27420—103—3972021–22Серија А31340—51—4042022–23Серија А33610—10110457Вкупно911370—2551012418Вкупно11114131522952016022
Наводи
Надворешни врски
Real Madrid profile
Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Марокански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026