Даниел Малдини (роден на година, во ) — италијански фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Аталанта.
Рани години Малдини е роден во Милано, како втор син Паоло Малдини и Адријана Фоса, модел од Венецуела. Неговиот дедо Чезаре исто така бил капитен на Милан во 60-тите години на минатиот век како и неговиот татко. Неговиот постар брат Кристијан настапувал за младинските екипи на Милан и продолжил да игра професионално на пониско ниво.
Даниел се приклучил на младинскиот систем на Милан во 2010 година, и во текот на следните години поминал низ различните тимови по возрасни групи, од Пулчини до 10 години до Примавера до 19 години. Во сезоната 2016-17, тој бил дел од составот што го освоил Државното првенство за играчи до 16 години (Кампионато Национале до 16 години), победувајќи ја Рома со 5-2 во финалето .
На 21 март 2020 година било потврдено дека Даниел и неговиот татко биле позитивни на КОВИД-19, во услови на пандемија во Италија. До 8 април, тој и неговиот татко се опоравиле.
На 29 јули 2022 година, Специја, објавила дека Малдини му се приклучил на клубот на едногодишна позајмица од Милан.
Клупска кариера
Малдини дебитирал за сениорскиот тим на Милан на натпреварот против ФК верона на 2 февруари 2020 година, кој завршил со резултат од 1:1, влегувајќи како дополнителна замена за Саму Кастиљехо.
На 15 септември 2021 година, Малдини дебитирал против Ливерпул во поразот со 3–2 на своето деби во Лигата на шампионите. На 25 септември, Малдини го започнал својот прв натпревар за Милан во Серија А и го постигнал првиот гол во победата од 2–1 на гости против Специја.
Меѓународна кариера
Малдини дебитирал за Италија на ниво до 18 години во победата со 2-0 против Холандија на 22 март 2019 година . Последователно, тој имал и два настапи за репрезентацијата до 19 години во истата година.
Стил на игра
Иако во неговите рани денови Малдини играл како бранител како и неговиот татко Паоло и дедо Чезаре, тој наскоро започнал да игра во средниот ред. Денес тој главно игра како напаѓач за врска, позиција што одговара на неговата способност за игра, дриблинг вештини, контрола на топката и визија.
Статистика
+ Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувањаКлубСезонаЛигаНационален куп Лига купОстанатоВкупноЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Милан2019–20Серија А2000——202020-21500040—902021-22812030—131Вкупно151207000241Специја2022-23Серија А0011——11Вкупно151317000252
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Монца Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери во Серија А