Антропофаг (од , „јаде луѓе“, множина ) бил член на митската раса канибали опишана од Херодот во неговите истории прво како андрофаги („човекојади“), а подоцна и од други автори, вклучувајќи го и драматургот Вилијам Шекспир. Зборот првпат се појавил на англиски околу 1552 година.
Во популарната култура, антропофагот понекогаш е прикажан како суштество без глава, но наместо тоа, неговото лице е на трупот. Ова може да биде погрешно толкување засновано на пишувањата на Шекспир во Отело, каде што антропофагите се опишани како „луѓе чии глави растат под нивните раменици “. Впрочем, тоа се однесува на една посебна, различна раса на митски суштества позната како Блеми, за кои се вели дека немаат глава, а нивните одлики на лицето се на градите.
Записи
Херодот прв напишал за андрофагите во својата „Историја“, каде ги опишал како едно од неколкуте племиња во близина на Скитија. Дополнителна белешка укажува на тоа дека андрофагите се канибали, како што се гледа од нивното име:
Филострат во Животот на Аполониј Тијански 6. 23 - 25, го напишал следново:
Плиниј Постариот подоцна во своето дело Природна историја (латински: Naturalis Historia) напишал дека истите канибали во близина на Скитија носеле скалпови на луѓе на своите гради.
Амијан Марцелин во својата книга „Res gestae“ ги споменал антропофагите.
Во литературата Веројатно е дека старогрчките дела влијаеле и на подоцнежните писатели.
Најпознатата употреба се појавува во Отело на Вилијам Шекспир :
Шекспир уште еднаш го спомнал антропофагот во Веселите жени од Виндзор. Т.Х Вајт исто така ги претставил антропофагите како непријатели на Робин Худ во неговиот роман „Мечот во каменот“ . Американскиот романописец Рик Јенси ги инкорпорира митовите за антропофагите во своето издание „Монструмолог“ од 2010 година.
Поврзано
Канибализам Блеми (легендарни суштества)
Наводи
Надворешни врски
Англиски речник од Оксфорд
Категорија:Старогрчки митски суштества Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ