Вулнетари (, доброволци) биле волонтерска милиција составена од Албанци од Косово основана од италијанската армија по успешната инвазија на Југославија. Тие служеле како помошни трупи за цивилна контрола и заштита на селата. Дел од милицијата служел како гранична стража и под Италијанците и под Германците. Вулнетарите се бореле само на местата од каде што потекнувале, и против партизаните и против четниците, против кои се покажале како „вешти и решителни борци“.

Независно од окупаторите, вулнетарите често напаѓале и ограбувале српски села. Тие запалиле стотици српски села, убивајќи повеќе луѓе и спроведувале кампањи за чистење на Косово и Метохија, како и во околните области на Црна Гора и Македонија.

На крајот на Втората светска војна, оваа милиција го штитела повлекувањето на германската армија. Кога Германците се повлекле од Косово, вулнетарите се скриле во своите села.

Наводи

Литература

Категорија:Воени единици и формации на Југославија во Втората светска војна