Основно училиште „Панајот Гиновски“ (официјално: Основно општинско училиште „Панајот Гиновски“ - Бутел; скратено: ООУ „Панајот Гиновски“) — централно основно училиште во скопската населба Бутел 2, Општина Бутел.

Училиштето е именувано по македонскиот преродбеник Панајот Гиновски.

Историја

Училиштето почнало со работа во учебната 1955/56 година под името „Доситеј Обрадовиќ“, а во 1993 година било именувано по македонскиот преродбеник Панајот Гиновски.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Бутел Категорија:Бутел Бутел Категорија:Основни училишта во Македонија