Земјоделската продуктивност се мери како однос на земјоделските производи и земјоделските инпутиMeasuring Agricultural Productivity Using the Average Productivity Index (API) by Lal Mervin Dharmasiri . Додека поединечните производи обично се мерат според тежината, нивната различна густина го отежнува мерењето на вкупното земјоделско производство. Затоа, производството обично се мери како пазарна вредност на крајното производство, што ги исклучува средните производи. Оваа излезна вредност може да се спореди со многу различни видови влезови како што се работна сила и земја (принос на земјоделски култури). Овие се нарекуваат парцијални мерки на продуктивноста.

Земјоделската продуктивност исто така може да се мери според она што се нарекува вкупна факторска продуктивност (TFP). Овој метод за пресметување на земјоделската продуктивност споредува индекс на земјоделски инпути со индексот на аутпути. Оваа мерка за земјоделска продуктивност е воспоставена за да ги отстрани недостатоците на парцијалните мерки на продуктивноста; особено што често е тешко да се идентификуваат факторите кои предизвикуваат нивна промена. Промените во TFP обично се припишуваат на технолошки подобрувањаAgricultural Investment and Productivity in Developing Countries, FAO Economic And Social Development Paper No. 148, ed. Lydia Zepeda, 2001, FAO Corporate Document Repository, 12 July 2007, http://www.fao.org/docrep/003/X9447E/x9447e00.HTM..

Земјоделската продуктивност е важна компонента на безбедноста на храната.

Извори на земјоделска продуктивност

Некои извори на земјоделска продуктивност се:

Механизирано земјоделство Сорти со висок принос, кои биле основа на Зелената револуција Ѓубрива: Примарни хранливи материи за растенијата: азот, фосфор и калиумAbout IPNI , the International Plant Nutrition InstituteThe Fertilizer Institute и секундарни хранливи материи како што се сулфур, цинк, бакар, манган, калциум, магнезиум и молибден на недостаток на почва Едукација за техники за управување и претприемништво за намалување на фиксни и варијабилни трошоци и оптимизирање на работната сила Варење на кисели почви за да се подигне pH и да се обезбеди калциум и магнезиум Наводнување Хербициди Генетско инженерство Пестициди Зголемена густина на растението Храната за животни стана повеќе сварлива со обработка Чување на животни во затворено во студено време

Важноста на земјоделската продуктивност

Продуктивноста на фармите во регионот е важна од многу причини. Освен обезбедувањето повеќе храна, зголемувањето на продуктивноста на фармите влијае на изгледите на регионот за раст и конкурентност на земјоделскиот пазар, распределбата на приходите и заштедите и миграцијата на работна сила. Зголемувањето на земјоделската продуктивност на регионот подразбира поефикасна дистрибуција на оскудни ресурси. Колку што земјоделците прифаќаат нови техники, толку попродуктивните земјоделци имаат корист од зголемувањето на нивната благосостојба, додека земјоделците кои не се доволно продуктивни, ќе излезат од пазарот за да бараат успех на друго место.Mundlak, Yair, "Agricultural Productivity and Economic Policies: Concepts and Measurements," OECD Working Paper No. 75, OECD Development Center, August 1992, SourceOECD.org, 13 July 2007 http://miranda.sourceoecd.org/vl=4172647/cl=20/nw=1/rpsv/cgi-bin/wppdf?file=5lgsjhvj7g21.pdf (13–16).

Бидејќи фармите во регионот стануваат попродуктивни, се зголемува неговата компаративна предност кај земјоделските производи, што значи дека тие можат да ги произведуваат овие производи со пониска можност за разлика од другите региони. Затоа, регионот станува поконкурентен на светскиот пазар, што значи дека може да привлече повеќе потрошувачи бидејќи тие се во можност да купат повеќе од понудените производи за иста сума пари.

Зголемувањето на земјоделската продуктивност доведува и до раст на земјоделството и може да помогне во ублажување на сиромаштијата во сиромашните и земјите во развој, каде земјоделството често вработува најголем дел од населението. Како што земјоделските стопанства стануваат попродуктивни, така се зголемуваат и платите што ги заработуваат оние кои работат во земјоделството. Во исто време, цените на храната се намалуваат и резервите на храна стануваат постабилни. Затоа, работниците имаат повеќе пари да потрошат на храна, како и на други производи. Ова исто така води кон раст на земјоделството. Луѓето гледаат дека има поголема можност да заработат за живот со земјоделство и ги привлекува земјоделството или како сопственици на фарми или како работнициPromoting Pro-Poor Growth: Agriculture, DAC Guidelines and Reference Series, Paris: OECD, 2006, OECD.org, 13 July 2007 (10). . Не само луѓето вработени во земјоделството имаат корист од зголемувањето на земјоделската продуктивност. Вработените во други сектори уживаат и пониски цени на храната и постабилно снабдување со храна. Нивните плати исто така може да се зголемат.

Земјоделската продуктивност станува сè поважна бидејќи светското население продолжува да расте. Индија, една од најнаселените земји во светот, презела чекори во изминатите децении за да ја зголеми својата производственост на земјиштето. Пред четириесет години, Северна Индија произведувала само пченица, но со појавата на пченици и ориз кои порано зреат, пченицата можела да се собере на време за да се засади ориз. Оваа комбинација пченица / ориз сега е широко користена. Приносот на пченица од три тони и приносот на ориз од два тона се комбинираат за пет тони жито по хектар, помагајќи да се хранат 1,1 милијарди луѓе во ИндијаBrown, Lester R. Plan B 2.0: Rescuing a Planet Under Stress and a Civilization in Trouble. New York City: Earth Policy Institute, 2006..

Сепак, критичарите сметаат дека зголемувањето на земјоделската продуктивност резултира со зголемување на проблемите со пренаселеност кај луѓето. Според нив, како и другите видови, човечките популации растат како одговор на нивниот зголемен капацитет на носивост.

Одржливо земјоделство

Одржливо земјоделство значи да се одржи или дозволи зголемување на земјоделската продуктивност на подолг рок, со тоа што ќе се уверат дека користените ресурси се што е можно повеќе обновливи.

Наводи

Надворешни врски Food and Agriculture Organization of the United Nations – www.fao.org OECD Department for Trade and Agriculture: Food, Agriculture and Fisheries OECD Agricultural Outlook Database (2006–2015)

Категорија:Органско земјоделство Категорија:Одржливо земјоделство