Охридски мренец (Gobio ohridanus) — вид на риба која е мала и слатководна, од семејството крапови. Ендемски вид е на Охридското Езеро во Македонија и Албанија.

Опис и распространетост Охридскиот мренец припаѓа на семејството Cyprinidae. Охридскиот мренец има вретенесто и издолжено тело, релативно крупна глава со крупни очи. Бојата на телото на грбот е сивозелена до сивокафеава, страните се сребренесто сиви, а долната страна е бела. На грбот ина неправилни ситни флеки, од страната на телото понекогаш се јавуваат покрупни флеки. На грбната и опашната перка има повеќе реда неправилни црни точки, а некогаш се појавуваат и на градните перки. Градните перки се релативно широки и јаки со жолтеникаво портокалова боја. Има долна уста, а на аглите се наоѓа еден пар добро развиени мустаќи. Стомачните и аналната перка се изразито бели. Охридскиот мренец е ендемски вид за Охрид - Црн Дрим - Скадар екосистемот.[ http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.М бр.145 2011 година]

Основни биолошки одлики Охридскиот мренец полово созрева од втората до четвртата година од животот при должина од 6 до 8 см. Се мрести во пролет, мај и јуни, порционо, и тоа на песокливо дно. Икрата е леплива и се прилепува со честичките од песок. Плодноста изнесува од 1000 до 3000 јајца кои имаат пречник од околу 2 мм. Развојот на ембрионот во нив најчесто трае седум до десет дена. Охридскиот мренец во Езерото нараснува до 15см. во должина и 30 грама во тежина и живее во мали јата при дното, каде ја бара храната. Подмладокот на Охридскиот мренец се хранат со ситни без’рбетници, а возрасните со ларви од хиромониди, ситни мекотели, икра од други риби и со растителна храна.

Значење Месото на Охридскиот мренец е многу вкусно. Порано поголеми количини се извезувале во Франција поради тоа што месото е посебно ценета и од него се прават специјалитети. Кај нас не е ценета поради малата големина и не е застапена во ловините на рекреативните риболовци.

Наводи

Froese, Rainer and Pauly, Daniel, eds. (2012). "Gobio ohridanus" in FishBase.

Категорија:Ранливи видови според МСЗП Категорија:Риби во Охридско Езеро Категорија:Таксони именувани од Станко Караман