Катарина Стибрант Сунерхаген е лекар, истражувач и едукатор специјалист за медицина за рехабилитација. Таа е позната по своите истражувања во рехабилитација по мозочен удар. Во моментов е професор и раководител на истражувачката група за медицина на рехабилитација на Универзитетот во Гетеборг.

Кариера Сунерхаген дипломирала медицина на универзитетот во Гетеборг. Поминала специјалистичка обука за медицина за рехабилитација. Таа се стекнала со докторат по филозофија за нејзиниот докторски труд насловен како Регионално ѕидно движење во левата комора. Санерхаген била вклучена во изготвување препораки за рехабилитација по мозочен удар во Европа на Светските конгреси за мозочен удар во 2010 и 2012 година. Член е на научни совети во организации за мозочен удар, вклучително и Здружението на жртвите од мозочен удар, Фондацијата „Хандларен Јалмар Свенсон“ и Фондацијата „Грета“ и „Еинар Акерс“. Таа е член на одборот на списанието за медицина за рехабилитација (од 2003 година), Акта неврологија (од 2009 година) и истражување и практика за рехабилитација (2010 година). Во моментов, работи како консултант во Универзитетската болница Салгренска и како гостин професор во болницата Сунас, Норвешка. Била избрана за член на одборот на директори во Европската организација за мозочен удар во 2016 година. Објавила повеќе од 200 рецензирани оригинални написи и повеќе поглавја во учебниците.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Швеѓани Категорија:Шведски лекари