Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Македонски Брод, Општина Македонски Брод.

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

Училиштето е сместено во горниот дел од Македонски Брод.

Историја

Училиштето сè до 1968 година го носи името „Кирил и Методиј“, од 1968 година „Единство“, име кое го задржува сè до 1997 година, а од 1997 година е именувано како „Св. Климент Охридски“.

Училиштето како целина е составено од два објекта кои внатрешно се поврзани со скалиштен простор. Постариот објект е пуштен во функција во далечната 1946 година, а поновиот објект во 1990 година.

Во состав на училиштето функционираат шест подрачни училишта.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следниве подрачни училишта: ПУ „Св. Климент Охридски“ - Самоков, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Манастирец, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Требино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Суводол, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Брест, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Св. Климент Охридски“ - Косово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Македонски Брод Македонски Брод Категорија:Основни училишта во Македонски Брод Категорија:Основни училишта во Македонија