Сусана Рагнарсдотер Рамел (родена Остберг ; претходно Гилгрен; 1 април 1920 - 4 април 2020) — шведска танчерка, пејачка, глумица и терапевт за движење. Рамел била ќерка на архитектите Рагнар Остберг и Карин Тиел; нејзиниот дедо по мајка бил финансиер и колекционер на уметности Ернест Тиел.

Животопис Родена е како Сузана Рагнарсдотер Остберг на 1 април 1920 година во Стокхолм од Рагнар Остберг и Карин Тиел. Двајцата нејзини родители биле во брак претходно и се развеле од сопружниците. Таа имала шест постари полусестри, тројца од страната на нејзиниот татко (Гунвор Остберг, Хервор Остберг и Елзор Остберг) и три од страната на нејзината мајка (Ула Лидман-Фростенсон, Ен-Мари Лидман и Карин Олга Елизабет Лидман).

Почнала да студира балет како млада девојка, а се појавила како танчерка во неколку шведски филмови во 1930-тите и 40-тите години на минатиот век, како и во различни емисии и ревии.

Таа била мажена двапати; најпрво во 1941 година на Свен Арне Гилгрен со кого добила две ќерки Карина (родена 1943 година) и Маријана (родена 1945 година). Тие се развеле во 1949 година, а истата година таа се омажила за Повел Рамел, кој првпат ја забележал кога била танчерка во Сидра Театерн. Двојката имала две деца: Микаел (роден на 19 јануари 1949 година) и Шарлот (Лота), (родена на 29 септември 1957 година). Во филмот “Тед: Заради љубов“ во 2018 година, Лота Рамел ја игра улогата на Сузана.

Рамел наполни 100 години на 1 април 2020 година и почина три дена подоцна.Susanna Ramel death notice

Филмографија

1939 година - Сканер-Фалстербо 1939 година - Кадетски другари 1940 година - Блајџ Антон 1941 година - Светла иднина 1942 година - Живот на стап 1986 година - Аферата Рамел (ТВ серија)

Наводи

Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Шведски глумици Категорија:Луѓе од Стокхолм