Основно училиште „Христо Узунов“ (официјално: Основно општинско училиште „Христо Узунов“ - Другово; скратено: ООУ „Христо Узунов“) — централно основно училиште во кичевското село Другово, Општина Кичево. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Другово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Христо Узунов.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на самото сретсело во Другово.

Историја

Училиштето е основано во 1962 година, а до 1994 година го носело името Слобода.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Христо Узунов“ - Брждани, подрачно петгодишно училиште; ПУ „Христо Узунов“ - Подвис, подрачно петгодишно училиште; и ПУ „Христо Узунов“ - Србјани, подрачно петгодишно училиште.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Другово Категорија:Другово Категорија:Основни училишта во Македонија