„А бре војниче, младо војниче“ — македонска народна песна, од село Глишиќ, Клиново, Тиквеш, собрана од мелографот Александар Линин, а на нему испеана и дадена од Коста Крстева, родена 1942 година.Партирура и белешки Напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Во песната, авторот го прашува насловниот млад војник дали се колеба за неговата одлука што станал војник. Тој пак одговара дека е тажен за неговата расплакана мајка, и загрижен за неговиот татко кој што секој ден оди во меана и пие по цела ноќ. Причината е непозната, но е можеби затоа што тој станал војник, а татко му стравува за неговиот живот.

Одлики Аранжманот е во карактеристичен 7/8 такт, но песната сè уште не е испеана, или пак нејзините снимки се загубени.

Текст А бре војниче, младо војниче, што си војниче толку умислено? Дали војниче раница тежи, или војниче пушката тежи?

- Ниту ми џанам раница тежи ниту ми џанам пушката тежи.

Синоќ поминав крај наш'те порти, мојата мајка низ двор одеше, низ двор одеше, солзи ронеше, с'лзи ронеше, прсти кршеше.

А мојот татко в меана оди, в меана оди, рујно вино пие, в меана оди, рујно вино пие, дома не иде, џанам да спие.

Наводи

Надворешни врски А бре војниче, младо војниче (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни