Манастир — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Претставува населба и црква од среден век. На 5 км јужно од селото се гледаат остатоци од темели на сакрален објект со правоаголна основа. Во нивите што се непосредно до него има фрагменти од керамички садови и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 362, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир — средновековна населба и црква; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време; Ќоселари; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ќоселари